top of page
Search

ПРОБЛЕМАТИКА

  • office30309
  • Jul 24, 2021
  • 3 min read

Создаден отпад по глава на жител годишно изнесува .................................452 кг Вкупно количество на создаден комунален отпад - 2020 година ......................913 000 тони Вкупно собран комунален отпад – 2020 ................................................................630 000 тони Од вкупно собраниот комунален отпад , повеќе од 83% или 525 000 тони е измешан и неселектиран отпад. Оваа бројка од над 80% е константа уште од 2014 година . Во вкупно собраниот комунален отпад , најголем удел има комуналниот отпад од домаќинствата и изнесува 83% или 523 000 тона , додека останатите 17% се од правните и физичките лица . Најголемо количество на собран комунален отпад е во Скопскиот регион и чија што количина изнесува 177 066 тони или 27% од вкупниот собран комунален отпад во државата . Најголем дел од собраниот комунален отпад 99,8% завршува на депонии . Во РСМ сеуште недостасува култура кај граѓаните за селектирање на отпад . Оваа примарна карика од системот за управување со отпад е сеуште нефункционална и придонесува до зголемување на нетретираниот отпад кој завршува на депонии за кои знаеме дека не поседувааат ниту минимални стандарди и критериуми . Од вкупната бројка на собран комунален отпад , на национално ниво како и за градот Скопје , само 0,3% од отпадот бил селектиран од страна на јавните претпријатија во претоварните станици и депонии во 2020 година . Во собирните центри , ЈКП Комунална Хигиена успеала да селектира и балира само 4 тони пластика , 14 тони хартија , 465 тони стакло . Вкупно селектирано во ЈКП КХ 483 тона . На национално ниво , селектирани се вкупно 11 630 тони пластика , 10 513 тони хартија , 10 112 тони текстил , 3 454 тони стакло , 1 946 тони метал и 1 000 тона гуми . Селекцијата е засега прескапа инвестиција за јавните претпријатија кои не се во можност да обезбедат по најмалку 3 канти за секое домаќинство , да обезбедат соодветни возила и опрема за функционирање . Цените на услугите за одлагање на отпадот се непроменети 15 години што оневозможува потребни инвестиции . Јавните препријатија како Комунална Хигиена која е надлежна за градот Скопје дури и не поседува соодветна дозвола од надлежното Министерство за Животна Средина од причина што не ги исполнува минималните технички услови за вршење на складирање , третман или преработка на отпад . Позитивен пример е јавното претпријатие во Прилеп , кое успева да селектира отпад колку сите останати заедно на територија на цела држава и годишно селктира и продава 13 000 тона отпад од вкупните создадени 30 000 тони отпад .

Во очекување сме на пакет од нови 6 закони за управување со отпад со кои се налага обврска на општините да овозможат и да стимулираат кај граѓаните примарна селекција на отпадот и да обезбедат комплетна инфраструктура за тоа , додека за јавните претпријатија да ја вршат секундарната селекција .

Во РСМ нема воспоставен систем за интегрирано управување со отпад од пластика , а само 1% од вкупно собраниот отпад се селектира и рециклира . Иницијативите и активностите се недоволни за да се зголеми оваа бројка . Најголем дел од селектираната и рециклирана пластика потекнува од колективните постапувачи и неформалниот сектор на улични собирачи . Примарно место требаат да имаат колективните постапувачи бидејќи тие се линкот помеѓу производителите на отпад / увозниците на производи со правните или физички лица кои собираат , транспортираат или преработуваат пластичен отпад . Неформалниот сектор во моментов ја врши една од поважните алки во синџирот на селекција и реупотреба но оваа социјална категорија и сеуште работи во сивата зона . За одржливост на системот за интегрирано постапување со отпад , потребни се финасии кои државата и институциите ги немаат во моментот .Потребни се стабилни извори на финансирање кои ќе обезбедат инвестиции и реинвестиции преку однапред изготвени програми за инвестирање . Нефункционирањето на начелото “ загадувачот плаќа “ ги оневозможува реалните приходи кои што би ги овозможиле потребните инвестиции . Државата нема следственост врз правните и физичките лица кои вршат увоз и извезуваат отпад или производи од отпад . На барање на Министерство За Животна Средина од 06.2018 година се иземаат од EXIM системот на Царинска Управа со што е оневозможена електронска следсвеност на искористеноста на отпадот и извоз на истиот . Според Државен Завод За Ревизија , мерките и активностите кои што ги превземаат институциите , не се воопшто ефективни и не овозможуваат намалување на употребата на пластичен отпад и негово ефикасно искористување и реупотребување . Во системот за управување со пластичен отпад се вклучени : -Министерство за животна средина -Управа за животна средина -Општини и локални самоуправи -регионални центри за управување со отпад - Јавни претпријатија ТОНИ НИКУШЕВСКИ

https://www.linkedin.com/in/toni-nikushevski-a844b23/?originalSubdomain=mk




 
 
 

Comments


Post: Blog2_Post

Subscribe Form

Thanks for submitting!

  • Facebook
  • Twitter
  • LinkedIn

©2021 by Bel-tech Company. Proudly created with Wix.com

bottom of page